Навистина сакам да верувам дека моите најмили не се воопшто размазени. И секогаш сум се трудела да не бидат такви, ама  морам да признаам дека понекогаш водиме битки по дома, и тоа интересни :). Особено ако се работи за тестенини!

Значи вака, сите сме вистински манијаци за тестенини, па често ги имаме на трпезата. Но, иако во 99% од случаите се согласуваме што се однесува до сосот, приказната е многу поинаква кога станува збор за типот на тестенина. А како и да не биде кога не едните им се омилени спиралите, други сакаат ситни макарони, трети сакаат крупни, четвртите секогаш гласаат за подебели шпагети, петтите за потенки, а да не спомнувам машнички, школки, и останати варијации на тема. Ужас, верувајте ми кога ви кажувам. Дојдовме дури до таму што сега се брои – “аха, и минатиот пат јадевме тенки шпагети, зошто сега пак!“ и слични изјави, ме разбирате нели?

И после години и години на вистинска тортура, налетувам на овие супер згодни силиконски кошнички за варење на тестенини. Леле, откровение! Не можев просто да поверувам колку е едноставно решението на мојот проблем! Затоа, ако случајно се препознавте во приказнава, задолжително нарачајте си еден сет овде, и ви останува само да си уживате! Екстра!