Во екот на сезонава нема ништо поубаво од мирисот на свежо печени костени. Арно ама, нивното печење на рингла е напорен, а да не споменувам и колку валкан процес, па доста од нас (со право) го избегнуваат. Меѓутоа, постои и полесен начин, а тоа е костените да ги печете во рерна. Едноставно и ефикасно – пробајте!

Костени печени во рерна

By Гастронаутка Published: November 15, 2012

    Во екот на сезонава нема ништо поубаво од мирисот на свежо печени …

    Ingredients

    Instructions

    1. Засекување на костените1.Загрејте ја рерната убаво на 220 степени. Избришете ги костените од надворешната нечистотија (ако се валкани) со кујнска хартија, а потоа секој костен внимателно засечете го од заоблената страна во форма на крст. Доволно е само да ја засечете лушпата.
    2. Редење на костените во тавче2.Тавчето обложете го со хартија за печење, а потоа наредете ги костените и внимавајте да не ставате премногу (треба да има растојание меѓу нив). Особено внимавајте секој костен кој ќе го ставите во тавчето да биде засечен, бидејќи инаку ќе експлодира во рерната.
    3. Печење во рерна3.Печете ги загреана рерна околу 15-20 минути (зависи од рерната и големината на костените) или додека не добијат малку боичка одозгора. Повторете ја постапката онолку пати колку што имате костени. Идеја: Пробајте наместо со хартија, тавчето да го обложите со слој од сол.