Козјото млеко има широка палета на добри карактеристики. Истражувањата покажуваат дека има далеку подобра сварливост и отпорност од кравјото млеко. Во продолжение прочитајте малку повеќе за некои од најважните и најдобри карактеристики на козјото млеко.

Биолошка сличност со човечкото млеко

Козјото млеко е многу послично на човечкото, отколку на кравјото млеко. Ова е најверојатно и причината за широката лековита примена на ова млеко. Истражувањата покажале дека козјото млеко има потполно поинаков профил на не-протеинска фракција од кравјото млеко, со неколку составни делови како што се нуклеотиди (ДНК структура) чија концентрација е приближно иста со концентрацијата на истите во човечкото млеко. Козјото млеко е слично на човечкото и по протеинската структура. Бета казеинот, главниот протеин на казеинот кој се наоѓа и во човечкото и во козјото млеко се разликува од оној кој се наоѓа во кравјото млеко. И количините на селен во козјото се млеко се слични на оние во човечкото, а овие две вредности значително се разликуваат од колилината на селен во кравјото млеко.

Ниско ниво на алергени

Веројатно еден од најважните атрибути на козјото млеко е ниското ниво на алергени, што е клучно за одржување на доброто здравје на организмот. Алергичност на кравјо млеко е најчестиот тип на алергија кај децата, а од неа заболуваат околу 500,000  до 1,500,000 деца секоја година. Кравјото млеко содржи повеќе од 20 алергенски протеини кои имунолошкиот систем не ги препознава, а кои предизвикуваат различни симптоми. Отежнато дишење, повраќање, грчеви во желудникот, пролив, исфрлање на кожата (обично околу или блиску до устата), течење на носот, солзење на очите, па дури и анафилактички шок можат да бидат знаци и симптоми на алергија на кравјо млеко.

Доказите пак, упатуваат на сосема различни резултати кога е во прашање козјото млеко. Едно истражување покажало дека 93% новороденчиња кои биле алергични на кравјото млеко, добро го поднеле козјото млеко и растеле без никаков проблем хранети со вакво млеко. Иако често се препорачува кравјото млеко да биде заменето со млеко од соја во случај на појава на алергии, истражувањата покажуваат дека дури 47% од луѓето кои се алергични на кравјо млеко се алергични и на  млеко од соја.

Алфа-с1-казеинот е еден од главните алергени во кравјото млеко. За разлика од ова, козјото млеко, исто како и човечкото, содржи ниско ниво на алфа-с1-казеин и високо ниво на алфа-с2-казеин кој не предизвикува алергии.

Алергиите на кравјо млеко се појавуваат и кај возрасните, а не само кај новороденчињата, но честопати не се манифестираат толку брзо. Кај возрасните, алергиите вообичаено предизвикуваат латентна непријатност и болка.

Брзо варење и апсорпција

Варењето на храната се дефинира како катаболизам или разложување на храната на помали честички (маснотии, протеини, јаглехидрати) во желудникот, додека под апсорпција на храната се подразбира внесот на овие честички во тенкото црево. Козјото млеко има подобра сварливост и апсорпција од кравјото млеко, и тоа поради неколку причини. Кога ќе се споредат физичко-хемијските особини на овие две млека, се забележува дека главната разлика меѓу нив е во количината на масни киселини со кратки ланци (СЦФА) и масни киселини со средни ланци (МЦФА).

Козјото млеко има повеќе СЦФА и МЦФА од кравјото млеко. Тоа значи дека ги има во поголеми количини, па полесно се варат и се впиваат од страна на масните киселини со долги ланци (ЛЦФА) кои преовладуваат во кравјото млеко. Козјото млеко исто така содржи протеин кој се вари на супериорен начин. Истражувањата покажале дека пепсинот и трипсинот (два ензими кои ги има во желудникот и кои го варат протеинот) потполно свариле дури 96% од протеините кои се присутни во козјото млеко, додека кај кравјото млеко, оваа вредност е помала од 73%. Исто така, козјото млеко содржи и многу повеќе олигосахариди кои се поволни за варењето на храната (пробиотици).

Базно изобилство

Многу видови на храна предизвикуваат настанување на големи количини на киселини во организмот, кој во основа е базен,, па ова може да доведе до сериозни проблеми и нарушување на општата здравствена состојба. Еден од начините со кои може да се провери дали некоја храна создава киселини е да се провери нејзиниот капацитет на одбојност или поточно, да се провери нејзината способност за намалување на теретот на киселините. Едно истражување кое ја испитувало оваа способност кај козјото, кравјото и млекото од соја, и дополнително способноста на лековите против киселини покажало дека козјото млеко далеку ги надмашило останатите три примероци, иако, по теорија, најдобро би требало да се покажат испитуваните лекови бидејќи се направени специјално со таа намена.

Друго истражување покажало дека олигосахаридите (пробиотиците) во козјото млеко веројатно играат главна улога во заштитата и поправањето на цревата. Ова е многу важно бидејќи храната која предизвикува киселини многу често доведува до оштетување на системот за варење. Затоа се препорачува користење на козјо млеко, а особено кај луѓето кои имаат проблеми со киселини во желудникот.