Нашиот читател Сотир Павловски ни препорача дека ова јадење е идеална празнична вечера за нас и нашите најблиски… Фала Сотир и ветуваме дека ќе го пробаме.
Крап на дуњи и суви сливи
By December 6, 2012
Published:Нашиот читател Сотир Павловски ни препорача дека ова јадење е идеална …
Ingredients
- 2 кг свеж крап (поголем крап е уште подобро)
- малку кромид
- 10 суви сливи
- 2-3 дуњи (во зависност од големината)
- 150 мл Доматно пире
- малку сол
- 1 кафена лажичка црвен пипер
- 1/3 китка магданос
- малку масло за готвење
Instructions
- 1.Претходно исчистениот крап добро намачкајте го со сол, масло за готвење и црвен пипер и направете неколку засеци со цел маринадата да навлезе подлабоко во месото. Оставете го 1 час во ладилник.
- 2.На претходно намаслената тава се реди кромидот исечен на тркалца со дебелина од 1 цм. Доволна количина на кромид е кога ќе се покрие дното на тавата (не смета ако има и повеќе).
- 3.Наредете ги сливите и дуњите кои се претходно исечкани на коцки (пожелно е сувите сливи да постојат во топла вода за да не бидат гуменикасти).
- 4.Префрлете ја рибата во претходно наредената тава и печете на 200 степени целзиусови. Самото печење на рибата зависи од тоа колку и дали е мрсна. Ако рибата е поголема, на почетокот печете со фолија половина час. Печете отприлика 1 1/2 до 2 часа.
- 5.Пред самиот крај измешајте го доматното пире со ситно исецканиот магданос и полијте ја рибата, па повторно вратете во рерната за да се потпече глазурата.
- 6.Послужете го со квалитетно бело суво вино. Наздравје!
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Печење
- Skill Level: Средна