Осличот не ни е често на менито, иако сите сакаме риба. Но, на овој рецепт не можевме да му одолееме. Задолжително пробајте!
Крцкав ослич со салата од домати
By June 25, 2013
Published:- Prep: 10 mins
- Cook: 20 mins
- Ready In: 30 mins
Осличот не ни е често на менито, иако сите сакаме риба. Но, на овој рецепт …
Ingredients
- 800 г филети од ослич (или друга риба по желба)
- 150 г презла
- 2 поголеми лимони (кората ситно изрендана)
- 1 главица кромид
- 4 домати (исечкани на коцки)
- маслиново масло
- 1 супена лажица Балсамико оцет
- 1/3 китка свеж магдонос
Instructions
- 1.Загрејте ја грил тавата на средна температура. Исечкајте го ситно магдоносот и 3/4 од него измешајте го со презлата и изренданата кора од лимон. Секое парче риба убаво извалкајте го во смесата.
- 2.Исечканиот кромид ставете го во тавата заедно со малку масло и запржете го додека не омекне. Префрлете го во подлабока чинија.
- 3.Испрскајте ја секоја страна од парчињата риба со малку масло, а потоа ставете ги во тавата и пржете додека рибата не биде готова.
- 4.Додадете ги доматите исечкани на коцки во садот со испржениот кромид и додадете го преостанатиот магдонос. Зачинете со сол и црн пипер, балсамико и малку магдонос.
- 5.Рибата послужете ја со салатата од домати и со цели парчиња лимон.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Пржење
- Skill Level: Едноставна