Денес решивме да се израдуваме со овие превкусни крцкави филети. Ние употребивме пастрмка, но можете да ја замените со било која друга риба, а богами и пилешките стекови се фантастични кога се панираат на ваков начин. Искомбинирајте ги филетите со пире или мешан зеленчук пржен на малку путер.

Крцкави филети од пастрмка

By Гастронаутка Published: October 10, 2012

    Денес решивме да се израдуваме со овие превкусни крцкави филети. Ние …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Филетите убаво измијте ги и исушете ги со кујнска хартија. Посолете ги по желба и испрскајте ги со црн пипер.
    2. 2.Во еден сад изматете ги јајцата (со вилушка), а во друг истолчете ги снегулките (но не премногу), додадете го пармезанот и ориганото и убаво измешајте.
    3. 3.Зачинетите филети прво спуштете ги во садот со јајца, а потоа провалкајте ги во смесата од снегулки.
    4. 4.Пржете ги во подлабоко тавче со загреано масло по 5 минути од секоја страна, или додека не добијат убава златеста боја. Кога ќе ги извадите од тавчето, ставете ги на кујнска хартија за да се упие вишокот масло. Послужете ги топли.