Рузмаринот неодливо потсетува на медитеран. Со едно мало гранче секое јадење добива посебен шмек и вкус. Јас спремив печени компири и не се покајав. Ги снема додека да трепнам.

Крцкави печени компири

By Тетка Биберче Published: August 6, 2013

  • Prep: 15 mins
  • Cook: 45 mins
  • Ready In: 60 mins

Рузмаринот неодливо потсетува на медитеран. Со едно мало гранче секое …

Ingredients

Instructions

  1. Лупење на компирите1.Компирите измијте ги и излупете ги. И гранчињата рузмаринот измијте ги, а лукчето и излупете го.
  2. Сечење на компирите2.Излупениот компир исечкајте го на помали парчиња.
  3. Варење на компирите3.Во поголем сад, зовријте вода и ставете ги компирите. Варете ги околу 3-4 минути. На овој начин испечените компири ќе станат крцкави.
  4. Крцкави печени компири4.Во сад за печење, ставете ги компирите, зачинете, ставете масло за готвење, лукчето и гранчињата рузмарин. Промешајте и печете на 200 степени, околу 35-40 минути со повремено мешање.