Амарантот е цвеќе кое во нашите простори и пошироко е познато под името стратор. Ботаничкото име потекнува од грчкото име Αμάρανθος (амарантос) и има значење на „цвет што не венее“.

Во исхраната, подеднакво може да се користат како листовите така и семето на амарантот. Според хранливи и лековити својства, амарантот далеку е над било која друга храна. Тој содржи околу 16% протеини, 6,5% масти, 55-62% скроб, пектин, микро и макроелементи. Неговото семе содржи двојно повеќе протеини во споредба со пченицата а мастите што се присутни во него се главно незаситени масни киселини, токму тоа што му треба на човечкиот организам. Сето ова ја зголемува неговата нутрициона вредност. Брашното и житото од семето на амарантот се користи како додаток при приготвување на леб, тестенини, слатки, храна за бебиња.

Нема сомнеж дека амарантот мора да биде вклучен во нашата секојдневна исхрана. Патем кажано, иако семето е ситно, може да се испукаат вкусни пуканки. Ние ви предлагаме еден рецепт. Пробајте, ќе се уверите.

Крцкави плочки од амарант

By Тетка Биберче Published: March 5, 2013

  • Prep: 20 mins
  • Cook: 10 mins
  • Ready In: 30 mins

Амарантот е цвеќе кое во нашите простори и пошироко е познато под името …

Ingredients

Instructions

  1. 1.На добро загреана тефлонска тава, ставете две лажици од семето амарант и покријте ги со соодветен капак. Амарантот веднаш ќе започне да пука (нешто слично како пуканки). Кога ќе прекине да пука, истурете го во сад и постапката повторете ја со останатото семе од амарант.
  2. 2.Медот, во микробранова печка или на оган, растопете го. Додадете ги семките од сончоглед, сувата брусница, мелениот ѓумбир како и прстофат сол. Промешајте.
  3. 3.Во смесата додадете ги испуканите семки амарант и целата смеса добро измешајте ка се додека не стане компактна.
  4. 4.Тавата со големина од 20x20 см покријте ја со хартија за печење. Во неа истурете ја смесата за плочки од амарант и оставете ја добро да се олади и целосно да се соедини.
  5. 5.Оладена и добро поврзана, исечете плочки, секое парче завиткајте го во фолија или хартија и слободно консумирајте го.