Одлични во чаша пиво покрај телевизор додека уживате во вашата омилена серија. Грицки со вкус на црн пипер кои се топат во уста. Наш совет е да направите поголема доза и да ги поканите и пријателите и заедно да уживате во овие домашни крекери.
Домашни крекери со црн пипер
By February 15, 2014
Published:Одлични во чаша пиво покрај телевизор додека уживате во вашата омилена …
Ingredients
- 150 г кашкавал (изрендан)
- 60 г путер (омекнат и исечкан на парчиња)
- 80 г брашно
- 1 ½ лажичка сол
- 1 ½ лажичка црн пипер
- 1 лажица павлака
Instructions
1.Во сад за готвење ставете го кашкавалот, путерот, брашното, пола лажичка сол и црн пипер. Со миксер мешајте неколку секунди, па додадете 1 лажица павлака. Мешајте со миксер се додекане добиете компактно тесто.
2.На работна површина наросете малку брашно и расукајте го тестото со дебелина од 1.5 милиметар.
3.Со рапав нож сечете го тестото во форма на квадратчиња и на секој крекер во средина направете дупче.
4.Внимателно формираните крекери префрлете ги на тава за печење обложена со хартија за печење. Наросете со преостанатиот сол и црн пипер и печете 15-тина минути на 200 степени се додека не добијат светло кафена боја. Оладете ги, отстранете ги од тавата и сервирајте ги.
- Cuisine: Леб и пецива
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна