Уште една варијација на тема – крекери! Навистина се супер едноставни за правење, а вкусот им е совршен, особено ако се искомбинира со ладно пивце!

Крекери со кашкавал

By Гастронаутка Published: September 3, 2013

  • Prep: 15 mins
  • Cook: 20 mins
  • Ready In: 35 mins

Уште една варијација на тема - крекери! Навистина се супер едноставни за …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Измешајте ја водата со куркумата додека грутчињата не исчезнат. Додадете го кашкавалот, путерот, солта и црниот пипер и измешајте добро. На крајот додадете го брашното и густинот и замесете компактно тесто. Ако тестото ви е многу суво, додадете 1 лажица вода.
  2. 2.Завиткајте го тестото во пластична фолија и оставете го во фрижидер да отстои најмалку 30 минути.
  3. подготвени за печење3.Загрејте ја рерната на 190 степени и обложете две тавчиња со хартија за печење. На набрашнета површина расукајте го тестото во тенка правоаголна кора.
  4. подготвени за печење4.Со ребрасто ноже за сечење, исечете го тестото во ленти широки околу 3 см, а потоа и на квадратчиња. Префрлете ги подготвените крекери врз хартијата за печење (не мора да има многу простор меѓу нив бидејќи не растат).
  5. 5.Печете ги крекерите околу 18-20 минути или додека краевите не станат златесто-кафени. Оставете ги добро да се оладат пред да ги послужите.