Откако еднаш ги пробавме овие крекери се воодушевивме од нивниот вкус, па затоа многу често си ги спремаме. И тоа секогаш поголема доза. Дел од нив за брза дегустација, а дел ги замрзнуваме за да имаме што да грицнеме кога ќе не фати криза.

Крекери со сирење

By Гастронаут Published: January 8, 2014

    Откако еднаш ги пробавме овие крекери се воодушевивме од нивниот вкус, па …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Во поголем сад ставете го брашното, зејтинот, млекото, растопениот маргарин. Додадете квасец, јајца, шеќер и сол. Замесете тесто.
    2. 2.Изрендајте сирење и додадете го на замесеното тесто. Уште еднаш измесете и оставете го тестото да одмори барем половина час.
    3. 3.Нараснатото тесто поделете го на три парчиња. Секое расукајте го со дебелина од половина прст. Со разни калапчиња извадете формички и наредете ги во тава за печење, обложена со хартија за печење.
    4. 4.Загрејте ја рерната на 180 степени. Крекерите премачкајте ги со јајце и на секое од нив наросете сусам или ким.
    5. 5.Печете околу 20 минути додека крекерите ен добијат златно жолтеникава боја.