Совршени за уживање покрај телевизорот, било тоа да е некој добар филм, утакмица или телевизиско шоу. Добар апетит!

Крекери

By Александра Published: February 6, 2014

    Совршени за уживање покрај телевизорот, било тоа да е некој добар филм, …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Во длабок сад измешајте ги сувите состојки, додајте ја жолчката, путерот и 5 лажици млеко и почнете да месите. Додавајте лажица по лажица од млекото с`е додека не добиете меко нелепливо тесто.
    2. 2.Тестото завиткајте го во најлонска фолија и оставете го во фрижидер 15-тина минути.
    3. 3.Од тестото рассукајте кора дебела 6 мм меѓу 2 слоја од најлонска фолија. Одстранете ја горната фолија, па со калапче, обликувајте ги крекерите. Редете ги крекерите на тавата од шпоретот прекриена со хартија за печење. Вклучете ја рерната да се загрее на 175 степени.
    4. 4.Одозгора премачкајте со белката измешана со крупна сол или со ким,сусам,пармезан и слично. Оставете ги уште 10-тина минути да се “одморат“ а потоа печете ги додека да добијат златно жолта боја(потребно е најмногу 15-тина минути). Внимавајте,кога се правени со путер,многу брзо горат надворешно, а внатре остануваат недопечени, затоа може да ја смалите температурата на печење.