Го користам во филови за торти, како прелив на ванила сладолед, при спремање на пралините со кој ги полнам истите, при спремање на труфлите… има, има полно рецепти каде што може да се користи. Овој крем карамел има голем придонес за вкусот на слатката, пралината или филот. Фантастичен и како прелив.
За овој крем има и други рецепти кои го навистина скратуваат времето, со слатка павлака и стопен шекер, во микро печката, но секогаш се вракам на овој рецепт, некако ми е кремот по мене барем – најубав и најсигурен!

Искомбинирајте го и вие со нешто овој крем карамел на нашата вредна Мигустовка Лилјана Илиева! Гарантирано ќе бидете задоволни!

Крем Карамел

By Лилјана Илиева Published: February 23, 2013

    Го користам во филови за торти, како прелив на ванила сладолед, при …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Во тенџере се вари млекото, шеќерот, ванилите и маргаринот.
    2. варете додека не се добие густ крем2.Кога доволно ќе се згусти - а тоа ќе го оцените исто како кога варите мармалад, тргнете го тенџерето од огнот и додадете ја содата, уште малку за кратко да проврие и се трга.
    3. сода бикарбона за боја3.Содата бикарбона се додава само поради бојата, доколку сте задоволни со бојата која ке ја добиете при варењето на кремот, не мора да ја ставите содата ако не сакате. Ако ја додавате бидете внимателни - затоа велам да се потргне тенџерото од огнот бидејки се запенува и може да ви претече.
    4. кремот е готов4.Во оригиналниот рецепт препорака е да се вари на тивко околу 2-3 часа, но јас од почетокот го варам на појак оган, потоа го намалам и не морам се да стојам до шпоретот, а со тоа малку го скратам и времето на варење.