Како сo неколку основни состојки – млеко, вода, јајца и шеќер за неполн час да направите феноменален десерт. Еве го одговорот! Крем карамел за вистински сладокусци.

Крем карамел

By А.А.З. Published: August 25, 2012

    Како сo неколку основни состојки - млеко, вода, јајца и шеќер за неполн час …

    Ingredients

    • 8 лажици шеќер (состојки за карамел)
    • 4 лажици вода (состојки за карамел)
    • 5 големи јајца (состојки за крем)
    • 800 мл млеко (состојки за крем)
    • 5 лажици шеќер (состојки за крем)

    Instructions

    1. Карамел1.Подготовка на карамел: во сад за готвење се става шеќер, две лажици вода и садот се става на оган. Се вари се додека не испари водата и шеќерот се карамелизира. Се трга настрана, се додаваат две лажици вода (или 1 вода + 1 сок од лимон) и се меша се додека не се добие густа смеса. Веднаш (за не се здрви растопениот карамел) се сипува по малку во секоја модла. (претходно модлите намачкајте ги со малку путер). Модлите се тргаат настрана.
    2. Додавање на крем2.Подготовка на крем: во сад за готвење млекото се меша со шеќерот и се става на оган да зоврие. Во меѓувреме јајцата се матат во метална или стаклена здела и постепено се додава од зовриеното млеко. Смеата се истура врз карамелот, во модлите за готвење.
    3. Испечени крем карамел3.Модлите се стават во тава со врела вода толку колку што е потребно да бидат потопени до половина. Се печат во загреана рерна на 130° околу 45 минути. Температурата на рерната не смее да биде висока затоа што во тој случај јајцата ќе се згрудчат. Додека кремот се пече, треба да се напомена дека горниот слој не смее да потемни. Испечениот и оладен крем карамел се превртува врз мала декоративна чинија и веднаш се послужува.