Лаванда, карамела и смокви. Звучи доволно прималиво, нели? Со додаток на малку цимет, станува просто неодоливо. Дозволете си слатко гурманско уживање.
Крем со смокви и лаванда
By July 6, 2012
Published:Лаванда, карамела и смокви. Звучи доволно прималиво, нели? Со додаток на …
Ingredients
- 300 мл млеко
- 200 мл слатка павлака
- 2 лажици лаванда (сува )
- 20 гр безбоен желатин
- 3 жолчки
- 100 гр шеќер
- 1 пакетче ванилин шеќер
- 150 гр маскарпоне
- смокви свежи но може и слатко од смокви
- 30 гр путер
- 2 лажици сок од лимон
- цимет и лаванда (за украсување)
Instructions
- 1.Во сад за готвење сварете го млекото со 100 мл. слатка павлака, желатин и неколку цветчиња лаванда. Тргнете го од оган и оставете го 15 минути да се олади.
- 2.Жолчките заедно со 75 гр. шеќер сварете ги на пареа, притоа непрестајно мешајте.
- 3.Млакото млекото исцедете го и заедно со маскарпонето, мешајќи, додадете ги во смесата од жолчки.
- 4.Преостаната слатка павлака со миксер измешајте ја и внимателно додајте ја во претходната смеса.
- 5.Кремот распоредете го во неколку чаши и оставете го во ладилник барем 3 часа.
- 6.Свежите смокви пресечете ги на пола. Во тава загрејте го путерот и карамелизирајте го преостанатиот шеќерот. Додадете ги смоквите, лимоновиот сок и лажица цимет и малку запржете ги. Кога смесата ќе се олади, распоредете ја врз ладниот крем и украсете со цветчиња од лаванда.
- Cuisine: Десерт
- Course: Варење
- Skill Level: Едноставна