Домашен крем од лешник. Феноменално,нели? Едноставно рецептче, за чија подготовка нема да ви треба повеќе од 20 минути. Доволен предизвик да си направите кремче кое не само што ќе ги израдува вашите клинци, туку и возрасните ќе мора да лижнат.
Крем од лешници
By September 14, 2012
Published:- Prep: 30 mins
- Cook: 0 min
- Ready In: 30 mins
Домашен крем од лешник. Феноменално,нели? Едноставно рецептче, за чија …
Ingredients
- 500 мл слатка павлака
- 200 г шеќер
- 200 г бело чоколадо
- 200 г лешници (печени)
- 250 мл млеко
Instructions
- 1.Испечениот лешник исчистите го од лушпите. Потоа убаво изблендирајте го. Слатката павлака и шеќерот ставете ги да се готват. Кога шеќерот ќе се растопи намалете ја температурата на шпоретот на минимум и додадете го чоколадото. Мешајте додека не се растопи.
2.Потоа етапно додавајте ги лешниците и постојано мешајте на тивок оган се додека не добиете густа смеса. Тргнете го тавчето од оган.
3.Откако филот малку ќе се олади додадете го млекото се додека не ја добиете посакуваната густина. Кога ќе се олади филот оди повторно во блендер за да смесата стане уште похомогена и без трошки од лешниците. (ако сеуште ги има можете да го процедите низ цедалка)
- Cuisine: Десерт
- Course: Варење
- Skill Level: Едноставна