Фактот што ваквите кремови од цитруси вообичаено содржат и јајца, ме спречуваше да го подготвам.Благодарение на мојата пријателка Анамарија,сепак се обидов и не зажалив, бидејќи кремот е опасно вкусен,а може да се искористи не безброј начини…превкусен е и како намаз на кришка леб.

Крем од портокали без јајца

By Валентина Крстевска Published: March 14, 2014

    Фактот што ваквите кремови од цитруси вообичаено содржат и јајца, ме …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Исцедениот сок од портокал прецедете го за да се отстрани пулпата.
    2. 2.Во ростфрај сад зовријте го сокот заедно со кората од портокал,ванила кристалите и шеќерот.
    3. 3.Прашокот за пудинг убаво измешајте го со водата и додајте го во зовриената мешавина со сокот и со постојано мешање на тивок оган варете додека кремот да се згусти.Тргнете го садот од ринглата,додајте го маргаринот и уште кратко промешајте да се изедначи смесата на исклучена рингла. Сите останати додатоци кои сакате да ги ставите,додајте ги заедно со маргаринот.
    4. protokal24.Жешкиот крем префрлете го во мала тегличка,затворете, превртете ја наопаку и завиткајте ја во подебела крпа додека сосема не се олади.Чувајте го кремот во фрижидер. Од овие состојки се добива околу 250гр. крем.