Овој е мојот втор рецепт кој го подготвив со Фант мешавините и морам да признаам дека сум изненадена од тоа колку го збогатуваат вкусот на јадењето. Овој пат подготвив пилешко со компир, а како сос го избрав фантот сос од печурки, и не згрешив.

Крем пиле со компир

By Зорица Поповска Published: June 9, 2013

    Овој е мојот втор рецепт кој го подготвив со Фант мешавините и морам да …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Белото месо се сече на помали парчиња, се премачкува со сенф и малку масло, се посипува со црн пипер, малку сол и се остава да се маринира најмалку еден саат.
    2. 2.Младите компири се лупат, се ставаат во солена вода да се варат но треба да се внимава да не се преварат. Не треба да се распаѓаат, треба да останат цели. Откако се сварени, се цедат од водата.
    3. 3.Во тeфлонската или керамичката тава се става масло и откако маслото е добро загреано се ставаат варените компири да се пржат само додека заруменат. Компирите се префрлат во одделен сад и се прекриваат со алуминиумска фолија за да не се оладат
    4. 4.Истата тава се враќа на оган, се додава малку масло и маринираното белото месо. Со постојано мешање, месото се пржи додека омекне и зарумени. Месото се префрла во садот со компири.
    5. 5.Во истата тава, ако е потребно се додава малку масло, се додаваат заедно иситнетиот лук и кромид, кратко се препржуваат, потоа се додава исечканата црвена пиперка, кратко се пржи заедно со лукот и кромидот и на крајот се додава грашокот од конзерва. Целата смеса кратко време се пржи, само додека грашокот ја прими температурата на преостанатиот зеленчук. Грашокот од конзерва е веќе мек и нема потреба да се вари.
    6. 6.Со смесата ФАНТ се приготвува сосот според упатството на кесичката.
    7. 7.Месото и зеленчукот се прелеваат со приготвениот сос. Добар апетит!