Ниско калорично, витаминизирачко и здраво предјадење кое и на изглед и на вкус одзема здив. Па не за џабе спанаќот е „Крал на зеленчукот“.

Крем супа од спанаќ

By Тетка Биберче Published: October 9, 2012

  • Prep: 10 mins
  • Cook: 40 mins
  • Ready In: 50 mins

Ниско калорично, витаминизирачко и здраво предјадење кое и на изглед и на …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Во поголем сад, на оган, ставете го исечканиот компир, кромид и лук да се варат. Додадете пола лажичка сол и пипер. Гответе ги се додека компирот не омекне, или околу 15 до 20 минути.
  2. 2.Во поголем сад со вода, ставете пола лажичка сол, ставете го спанаќот и оставете го да се обари околу 7-8 минути.
  3. 3.Во друг сад, растопете го путерот и додадете го брашното. Добро промешајте и додадете го млекото. Мешајте без прекин околу 5 до 8 минути се додека не зоврие и додека не добиете смеса без грутчиња. Додадете муксатно оревче.
  4. 4.Со рачен блендер (за пасирање), испасирајте го го компирот заедно со лукчето и кромидот. Додадете го и спанаќот и повторно пасирајте се додека не добиете еднолична смеса.
  5. 5.Додадете ја и белата смеса (бешамелот) и садот вратете го на оган неколку минути. Доколку смесата ви изгледа густа, додадете малку вода.
  6. 6.Супата сервирајте ја во длабока чинија и одозгора сипете неколку лажици павлака. Добар апетит.