Оние супи од кесичка немаат врска во однос на вкусот на домашно приготвена крем супа. Денес спремивме со тиквички и ни излезе супер. Феноменална, како предјадење или како главно јадење со неколку парчиња потпечено лепче.

Крем супа од тиквички

By Гастронаут Published: October 13, 2015

    Оние супи од кесичка немаат врска во однос на вкусот на домашно …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Тиквичките добро измијте ги и исечкајте ги на помали парченца. Излупете го кромидот и поделете го на четвртинки. Излупете го лукчето и пресечете го на половинки.
    2. 2.Во поголем сад со малку маслиново масло на тивок оган ставете ги тиквичките, кромидот и лукот малку да се запржата.
    3. 3.Потоа исипете ја супата со зеленчук и варете околу 15 минути.
    4. 4.Кога тиквичките ќе омекат со рачен блендер изблендирајте за да добиете кремаста смеса.
    5. 5.Додате од павлаката за готвење и зачинете со сол и црн пипер. Послужете ја супата топла со декорација со павлака.