Кремаст и вкусен десерт. Едноставен за приготвување, за кој ќе ви треба таман време ако некој ви пека да му спремите десерт и да му го приготвите додека го држи трпението. Супер избор верувајте.

Крем торта

By Тетка Биберче Published: August 22, 2013

  • Prep: 25 mins
  • Cook: 50 mins
  • Ready In: 1 hr 15 mins

Кремаст и вкусен десерт. Едноставен за приготвување, за кој ќе ви треба …

Ingredients

Instructions

  1. Жолчки и шеќер1.Во сад, на оган, измешајте го млекото заедно со 100 г шеќер и оставете го да зоврие. Настрана, жолчките, со помош на маталка, изматете ги заедно со преостанатиот шеќер.
  2. Комплетирање на кремата2.Во смесата со жолчките додадете го брашното, кората од рендан лимон и додадете го топлото млеко. Вратете го на оган, постојано мешајќи, околу 10-тина минути, оставете кремот да ја добие потребната густина. Во оладениот крем додадете путер.
  3. Тесто врз калап3.Во пластичен сад измешајте ги сите состојки за подготовка на тестото. Месете се додека не добиете фина и хомогена смеса. Тестото завиткајте го во фолија и оставете го во фрижидер барем половина час да се одмори.
  4. Тесто врз калап4.Тестото расукајте со големи на калапот за печење. Калапот намачкајте го со путер и обложете го со расуканото тесто. Отстранете го вишокот тесто и со виљушка избоцкајте го.
  5. Крем торта5.Истурете ја претходно подготвената крема, наросете со крупно сечкани бадеми и печете во загреана рерна, ана 180 степени околу 50 минути. Оладената торта посипете ја со шеќер во прав и сервирајте ја.