Трикот за правење на совршен домашен сладолед е сосема прост: тоа е комбинација од вистинските состојки и брзо замрзнување. Заинтересирани?
Кремаст домашен сладолед
By July 25, 2012
Published:Трикот за правење на совршен домашен сладолед е сосема прост: тоа е …
Ingredients
- 500 мл незасладено кондензирано млеко (или 500 мл слатка павлака + 50 гр млеко во прав)
- 150 гр шеќер
- 3 ќесички ванилин шеќер
- 5 жолчки
Instructions
- 1.Во шолјата во која сте ги одвоиле жолчките ставете го шеќерот, ванилиниот шеќер и 6-7 лажици кондензирано млеко, а потоа оставете ја настрана.
- 2.Во помало тенџерче ставете го кондензираното млеко и загрејте го до вриење, а потоа тргнете го од оганот.
- 3.Во млекото додадете ги претходно подготвените жолчки, а потоа ставете го на оган со постојано мешање додека повторно не почне да врие. Кога ќе почне, варете уште точно една минута.
- 4.Тргнете го од оган, а потоа оставете го да се олади прво на собна температура, а потоа и во фрижидер (најдобро преку ноќ). Потоа ставете ја смесата во машина за сладолед, а ако немате таква, погледнете го следниот чекор.
- 5.Во поголем сад ставете 2,5 литри вода и 250 гр сол, а потоа ставете го садот преку ноќ во ладилник.
- 6.Следниот ден скршете ја површинската кора од лед и ставете го тенџерето со сладоледната смеса во водата. Солената смрзната вода ќе ја одигра улогата на машинка за сладолед и ќе му помогне на сладоледот побрзо да се смрзне, да стане покремаст и да нема кристали.
- 7.Ако ја оставите смесата без мешање, таа ќе почне да се смрзнува веќе по 15 минути во водата, а ако мешате тоа ќе трае само 6-7 минути. Кога ќе видите дека е подсмрзната, земете миксер и измешајте ја смесата. Ова ќе овозможи да влезе воздух во сладоледот, па тој ќе го зголеми волуменот и ќе стане помазен.
- 8.На крајот, извадете го садот со измиксираната смеса од водата и оставете го во ладилник до конечно замрзнување.
- 9.Забелешка: многу е важно сладоледот да се прави со кондензирано млеко бидејќи на тој начин се избегнува правењето на кристали. Ако не можете да го најдете (обично го има во поголемите маркети), направете го сами така што ќе оставите 1 л млеко на оган да се вари се додека дупло не го намали волуменот (додека не испари целата вода).
- Cuisine: Десерт
- Course: Варење
- Skill Level: Едноставна