Најчудното нешто во овој колач е што ретко кој забележува дека меѓу вкусните слоеви крем, се кријат слоеви од едноставен двопек:). Прекрасен рецепт на нашата пријателка Валентина.
Кремаст колач со двопек
By May 5, 2013
Published:Најчудното нешто во овој колач е што ретко кој забележува дека меѓу …
Ingredients
- 200 г двопек
- за подготовка на белиот крем
- 2 пудинга со вкус на бурбон ванила или ванила
- 5 лажици шеќер
- 800 мл млеко
- 200 мл слатка павлака
- за подготовка на црниот крем
- 2 пудинга нугат премиум пудинг или чоколаден
- 5 лажици шеќер
- 800 мл млеко
- 200 мл слатка павлака
Instructions
- 1.Во сад со димензија 31х20 се реди еден ред двопек.Краевите кои пречат целосно да се покрие садот,отсечете ги со назабен нож.
- 2.За светлиот крем:во дел од млекото растворете ги светлите пудинзи и шеќерот.остатокот од млекото ставете го да зоврие заедно со павлаката,па сварете густ крем.Потоа покријте го со проѕирна фолија за да не фати коричка.
- 3.За темниот крем:постапката за негова подготовка е иста како за светлиот крем. Колачот се прави кога и двата кремови се жешки.
- 4.Врз првиот ред двопек излијте половина од темниот крем,одозгора поставете ред двопек,потоа ставете половина од белиот крем,па втората половина од темниот крем. Врз него повторно ставете ред двопек,па најгоре остатокот од светлиот крем.
- 5.По желба врз горниот кремаст слој,посипете со рендано чоколадо, бисквити, ореви и сл.
- Cuisine: Десерт
- Course: Варење
- Skill Level: Едноставна