Навистина одлично ги искористивме превкусните праски за подготовка на супер десерти. Ова е еден од нив. Сочен, кремаст овошен колач кој е превкусен. Ако ви се пријаде нешто вакво во период кога нема свежи праски, можат да ја завршат и оние од конзерва.

Кремаст колач со праски

By Тетка Биберче Published: September 11, 2013

  • Prep: 30 mins
  • Cook: 20 mins
  • Ready In: 50 mins

Навистина одлично ги искористивме превкусните праски за подготовка на …

Ingredients

Instructions

  1. 1. Во длабок сад, на оган, сварете го млекото заедно со шеќерот. Настрана, со миксер, изматете ги жолчките заедно со нишестето. Додадете ги во зовриеното млеко и мешајте се додека не добиете густ крем.
  2. 2.Откако кремот ќе се олади, додадете путер и со миксер матете се додека не добиете фин, мазен крем.
  3. 3.Во правоаголен сад, наредете еден ред бисквити а одозгора ставете половина фил. Наредете уште еден ред бисквити.
  4. 4.Праските измијте ги, излупете ги, исечкајте ги на кришки и наредете ги врз бисквитите.
  5. 5.Врз бисквитите ставете го преостанатиот фил од жолчки и наредете уште еден ред бисквити.
  6. 6.Белките заедно со шеќерот ставете ги во сад на пареа и мешајте се додека не се растопи шеќерот. Потоа со миксер матете се додека не добиете густ шлаг.
  7. 7.Врз бисквитите ставете од шлагот, наросете малку рендано чоколадо и оставете го во фрижидер неколку часа за да омекнат бисквитите.