Овој компир кој со право си го носи и името. Најпрвин настана додавајки крем чорба од печурки – Подравка- а причина беше токму тоа што го немав овој Фантастичен сос од печурки во кој е и магијата на вкусот на овој кремаст компир.
Кремаст компир
By May 27, 2013
Published:Овој компир кој со право си го носи и името. Најпрвин настана додавајки …
Ingredients
- 8 - 10 средни по големина стар компир
- 150 мл вода
- 4 лажици зејтин
- 1 кесичка ФАНТ сос од печурки (состојки за сос)
- 500 мл вода (состојки за сос)
- 100 -150 г кашкавал (состојки за сос)
Instructions
1.Се лупи компирот и се сечка во форма која вие ја сакате (но да не е тенко сечен), се реди го во тавче, се залева со водата и зејтинот и се остава да се пече во рерна.
2.Во 500 мл. вода растворете го сосот.
3.Кога компирот омекнал и останал само на зејтинот, залејте го со спреманиот сос, посипете со ренданиот кашкавал, повторно вратете во рерна и нека крчка и да се пече уште 30 мин. на средно јак оган.
4.Послужете топло како додаток на печено месо.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна