Запечен карфиол во бешамел сос со многу кашкaвал. Кремасто уживање кое ви го препорачуваме во моментите кога немате идеја што за ручек. Супер вегетаријанска варијанта која сме сигурни дека ќе ви се допадне.
Кремаст запечен карфиол
By November 28, 2013
Published:Запечен карфиол во бешамел сос со многу кашкaвал. Кремасто уживање кое ви …
Ingredients
- 500 г карфиол
- 300 г кашкавал
- 1 лажица путер
- 300 мл млеко (состојки за сосот)
- 30 г брашно
- 30 г путер
- 50 г пармезан
- 60 г кашкавал
- 2 лажички сол
- 1 лажичка сенф
- малку црн пипер
Instructions
- 1.Карфиолот добро измијте го и поделете го на парченца. Во голем сад ставете вода да зоврие.
- 2.Откако водата ќе зоврие ставете го карфиолот во садот за да се свари. По десетина минути извадете го и исцедете го.
- 3.Тавата за печење премачкајте ја со путер и префрлете го карфиолот. Загрејте ја рерната на 180 степени.
- 4.Во меѓувреме направете го сосот. Во сад ставете путер почекајте да се растопи и додадете брашно. Промешајте. Полека додавајте млеко и постојано мешајте. На крај ставете сенф.
- 5.На тивок оган варете го сосот додека не стане густ. Додадете пармезан, кашкавал, ставете сол и малку црн пипер.
- 6.Со сосот прелијте го карфиолот, а одозгора изрендајте кашкавал. Печете околу 10 до 15 минути додека карфиолот не добие златно кафена боја.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна