Комбинација од парченца компир потурен со кремаст сос од млеко зачинето со лук. Сево ова убаво потпечено. Звучи феноменално, нели? Верувајте и вкусот е таков.

Кремаст запечен сладок компир

By Гастронаут Published: March 28, 2013

  • Prep: 10 mins
  • Cook: 50 mins
  • Ready In: 60 mins

Комбинација од парченца компир потурен со кремаст сос од млеко зачинето …

Ingredients

Instructions

  1. Подготовка на сосот1.Во поголем сад ставете го млекото, и сите зачини. Лукчето исечкајте го на ситни парченца, нарендајте малку мускатно оревче, ставетe сол и црн пипер.
  2. Исечкан компир2.Садот ставете го на тивок оган околу пет минути. Убаво промешајте за да млекото ги впие сите ароми. Компирот исечкајте го на тенки парченца.
  3. Компир во калапчиња3.Во меѓувреме загрејте ја рерната на 250 степени. Во калапчињата ставете по едно парче компир. Одозгора истурете од сосот и нарендајте кашаквал.
  4. Финални подготовки4.Повторете ја постапката се додека има место. Одозгора повторно наросете кашкавал и малку течност.
  5. Испечени компири5.Калапчињата ставете ги во тавче за печење. Покријте ги со фолија и печете ги околу 45 минути. Потоа допечете ги без фолија уште неколку минути додека не порумени горниот дел.