Време е за нешто топло и кремасто. Еве една супа која јас ја обожавам и често ја правам и ме потсетува токму на овој период. Моја препорака до оние кои досега не ја пробале.

Кремаста супа од карфиол

By Тетка Биберче Published: December 10, 2012

  • Prep: 25 mins
  • Cook: 25 mins
  • Ready In: 50 mins

Време е за нешто топло и кремасто. Еве една супа која јас ја обожавам и …

Ingredients

Instructions

  1. Исечкан карфиол1.Карфиолот, кромидот и целерот исчистете ги и исечкајте ги на парченца.
  2. Запржување на карфиолот2.Во поголем сад, на малку масло за готвење, ставете го исечканиот зеленчукот и оставете го да се готви околу 10 минути или се додека зеленчукот не омекне.
  3. Супа спремна за пасирање3.Додадете ја супата од коцка , млекото, зачинете и оставете го да се готви околу 25 минути се додека целосно не омекне. Со рачен блендер, испасирајте ја супата.
  4. Запечен леб4.Кришките леб исечете ги на парченца. Наросете малку сол и маслиново масло и во рерна, на 200 степени, запечете ги се додека не добијат златно-кафена боја.
  5. Супа од карфиол5.Сирењето исечкајте го на поголеми парченца. Супата сервирајте ја во помали здели а одозгора ставете од печениот леб и парченца сирење.