Верни на нашата состојка на месецот – плазмата, за денес ви ја препорачуваме оваа вкусна кремаста торта која брзо се прави и не се пече. Одлична за разладување и разблажување, ама обавезно во друштво. Затоа, направете ја, свртете пар телефони или пратете неколку покани и уживајте.

Кремаста торта со плазма и пишкоти

By Гастронаутка Published: June 22, 2012

    Верни на нашата состојка на месецот - плазмата, за денес ви ја …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Растопете го чоколадото заедно со две лажици путер, па во смесата натопете ги пишкотите и наредете ги по страните и на дното на модла за торта.
    2. 2.За првиот фил разматете го путерот со шеќерот, потоа додадете ги плазма кексите, оревите, жолчките и сокот од портокал. Се добро измешајте па посипете врз пишкотите во модлата.
    3. 3.За вториот фил разматете ги убаво белките со постепено додавање на 12 лажици шеќер додека не добиете цврст шлаг. Преостанатите 6 лажици шеќер растопете ги во суво тенџерче на тивок оган заедно со сокот од 1/2 лимон додека смесата не добие светло кафена боја.
    4. 4.Кога убаво ќе се растопи, постепено и полека додавајте ја оваа смеса во шлагот и мешајте додека не се соединат.
    5. 5.Истурете го вториот фил врз првиот и оставете ја модлата во фрижидер преку ноќ убаво да се стегне. Украсете ја со малку растопено или изрендано чоколадо, по желба.
    6. 6.Забелешка: ви препорачуваме брзо да ја изедете оваа супер брза и лесна кремаста торта бидејќи содржи свежи јајца, а не е добро тие да стојат подолго време. Затоа, поканете пар пријатели и сладете се додека има.