Свински кременадли пропржени во ароматичен сос од маслиново масло, лукче и свеж рузмарин. Навистина едноставно, а со прекрасен вкус.

Кременадли со лук и рузмарин

By Гастронаутка Published: August 9, 2012

    Свински кременадли пропржени во ароматичен сос од маслиново масло, лукче …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Добро загрејте тавче за пржење. Кременадлите измијте ги, исушете ги убаво со кујнска хартија, намачкајте ги со многу малку масло и ставете ги да се пржат додека не се заруменат. Извадете ги од тавчето и ставете ги во линија или на даска за сечење да се оладат.
    2. 2.Во друго тавче (важно е да биде ладно) ставете го маслиновото масло и вклучете ја ринглата на умерена температура. Веднаш додадете го лукот исечкан на тенки ливчиња и гранчињата рузмарин. Оставете полека да се пржат додека ивиците на лукчето малку не заруменат (не повеќе од 2-3 минути), но внимавајте, ако лукот и рузмаринот загорат ќе имаат малку горчлив вкус.
    3. 3.Внимателно ставете ги кременадлите во тавчето и провлечете ги за да упијат од сосот. Посолете и додадете црн пипер, а потоа свртете ги кременадлите и повторете го истото од другата страна. Доволно им е уште 1-2 минути пржење. Послужете ги заедно со сосот.