Печењето во фолија не само што му дава посебен вкус на месото, туку и заштедува на миење тавчиња и чистење на рерната, што е и тоа како корисно на овие горештини. Уживајте!

Кременадли во фолија

By Гастронаутка Published: June 15, 2013

    Печењето во фолија не само што му дава посебен вкус на месото, туку и …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Кременадлите посолете ги и зачинете ги со црн пипер од двете страни, а потоа запржете ги кратко од двете страни на мешавина од путер и малку масло за готвење.
    2. 2.Исечете четири парчиња од алуминиумска фолија (доволно големи во нив да можете да ги завиткате кременадлите, а потоа извадете ги кременадлите од тавата во која се пржеле и ставете ги секоја врз парче фолија.
    3. 3.Во истото тавче во кое се пржеа кременадлите ставете го ситно исечканиот кромид да се запржи, а по минута-две додадете ги и печурките исечкани на ливчиња.
    4. 4.Зачинете ја смесата по вкус, па додадете го виното и оставете да се продинста кратко.
    5. 5.Врз секоја кременадла ставете по две парчиња димена сланина или пршута, а одозгора распоредете од смесата со кромид и печурки.
    6. 6.Убаво завиткајте ги кременадлите со фолијата (како затворени пакетчиња), а потоа наредете ги во тавче за печење.
    7. 7.Печете ги во загреана рерна на 200 степени околу 15-тина минути, а потоа сервирајте ги заедно со фолијата и украсете со неколку ливчиња свеж магдонос.