Сочни кременадли прелиени со вкусен сос, едноставни и брзи за подготовка. Ви предлагаме да ги искомбинирате со пире и свежа салата од рокола. Пријатен ручек!

Кременадли во сос од бело вино

By Гастронаутка Published: December 15, 2012

    Сочни кременадли прелиени со вкусен сос, едноставни и брзи за подготовка. …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Убаво намачкајте ги кременадлите со маслиново масло од двете страни и посипете ги со сол.
    2. 2.Загрејте го тавчето во кое ќе ги пржите кременадлите без да додавате масло, а потоа пржете ги кременадлите околу 2 минути од секоја страна (или додека не се заруменат). Подобро е да користите тешко тавче со дебело дно за пржење.
    3. 3.Извадете ги кременадлите во чинија, а потоа во истото тавче ставете го путерот да се истопи, па додадете ги печурките исечкани на листови и кромидот исечкан на полукругови. Пржете неколку минути, додека печурките не омекнат.
    4. 4.Додадете го виното и пржете додека половина од виното не испари, а потоа намалете го огинот и додадете ја павлаката за готвење. Убаво измешајте за состојките на сосот да се спојат.
    5. 5.Намалете ја температурата на минимум, вратете ги кременадлите во тавчето, покријте го тавчето со капак или со алуминиумска фолија и оставете го да се динста околу 30-40 минути, или додека месото не омекне.
    6. 6.Послужете ги со свежа салата од рокола и гарнир по ваш избор.