Одлично предјадење кое релативно брзо се прави и е многу вкусно. Само, пржењето во фритеза или во многу масло не е многу препорачливо и здраво, па затоа не ги правете премногу често. Пријатно!

Крокети од туна

By Гастронаутка Published: March 14, 2013

  • Prep: 15 mins
  • Cook: 15 mins
  • Ready In: 30 mins

Одлично предјадење кое релативно брзо се прави и е многу вкусно. Само, …

Ingredients

Instructions

  1. додадете сол, лук и путер во компирите1.Сварете ги компирите и изгмечете ги како за пире. Додадете го путерот, лукот во прав, сол и црн пипер по вкус и добро измешајте.
  2. додадетее ја туната, кашкавалот, кромидот и кашкавалот2.Потоа додадете ја добро исцедената туна, ситно исечканиот кромид, ситно исечканиот магдонос и изренданиот кашкавал. Добро измешајте.
  3. направете топчиња3.Откако компирот ќе се олади, додадете и едно јајце во смесата и повторно измешајте, а потоа формирајте мали топчиња со големина на орев.
  4. 4.Наредете ги топчињата на послужавник и ставете ги 10-15 минути во фрижидер.
  5. извалкајте ги топчињата во брашно, јајца и презла5.Подгответе ги за похување, со тоа што прво добро ќе ги извалкате во брашно, па потоа во изматено јајце и на крајот, во презла. Можете во јајцето и во презлата да додадете уште малку сол или некои други зачини.
  6. 6.Вака подготвени, можете крокетите да ги замрзнете со тоа што прво ќе ги замрзнете на послужавник, за да не се допираат, а потоа можете да ги соберете во ќеса или кутија. Пржете ги во поголема количина на врело масло (најдобро во фритеза).