За денес издвоивме не еден, туку два фантастични десерти со крушки и чоколадо. Пробајте па кажете ни која од двете варијанти ви се допаѓа повеќе.
Крушки со чоколадо x2
By August 8, 2012
Published:За денес издвоивме не еден, туку два фантастични десерти со крушки и …
Ingredients
- 4 крушки
- 200 мл вода
- 1 лимон (исцеден)
- 1 портокал (исцеден)
- 2 супени лажици мед
- 50 г чоколадо
- малку кора од портокал (изрендана)
- неколку излупени бадеми (ситно исечкани)
- 200 мл слатка павлака (за десерт 2)
- 150 г чоколадо (за десерт 2)
Instructions
- 1.За десерт 1 (слика лево): Во подлабоко тенџерче ставете ја водата, медот, сокот од лимонот и портокалот и малку од изренданата кора од портокал и оставете ја смесата да зоврие. Крушките излупете ги, засечете им го дното за да можат да стојат прави, но оставете ги дршките.
- 2.За служење, извадете ги крушките од сирупот, оладете ги добро, а потоа долниот дел потопете го во растопеното чоколадо и посипете со исечканите бадеми. Оставете чоколадото да се стегне и прелијте ги со сирупот пред да ги послужите.
- 3.За десерт 2 (слика десно): Процедурата е иста - крушките се варат кратко во сирупот и се оставаат да се оладат. Чоколадниот прелив се добива така што се остава павлаката да се загрее до пред зовривање, а потоа се додава чоколадото на парчиња и се меша додека не се растопи и изедначи смесата.
- 4.За послужување можете преливот да го ставите под крушките, од страна или комплетно да ги прелиете одозгора - изберете го оној начин што ви одговара најмногу.
- Cuisine: Десерт
- Course: Варење
- Skill Level: Едноставна