Навистина необичен рецепт кој се прави релативно брзо, а има совршен вкус. Можете наместо крушки да искористите јаболка, праски, кајсии или сливи, а виното може да биде и малку скиселено – ем нема да го фрлите, ем ќе добиете супер десертче.
Крушки во сируп од црвено вино
By September 22, 2012
Published:Навистина необичен рецепт кој се прави релативно брзо, а има совршен …
Ingredients
- 1 кг крушки
- 750 мл црвено вино
- 300 г шеќер
- 2 портокали
- 1 ванилин шеќер (или екстракт од ванила - подобро)
- малку цимет
Instructions
- 1.Во тенџерче ставете го виното и шеќерот и оставете го да зоврие. Додадете ги циметот и ванилиниот шеќер додека смесата врие.
- 2.Излупете ги крушките, но така да рачките им останат, за да бидат поубави за сервирање и додадете ги во сирупот.
- 3.Изрендајте ја кората од едниот портокал и исцедете го сокот па додадете го во смесата. Другиот портокал исечкајте го на парчиња, па додадете го и него. Намалете го оганот и оставете ја смесата да се вари на тивко.
- 4.Ако после 30-40 минути крушките се сварени, а сирупот е уште редок, извадете ги крушките и продолжете да го варите сирупот додека не стане густ и леплив.
- 5.За послужување, ставете по една крушка во чинија, а потоа прелијте ја со сирупот.
- Cuisine: Десерт
- Course: Варење
- Skill Level: Едноставна