Се сеќавате ли кога ви кажував за скарата ала Џемс Бонд? Леле, се надевам дека не се залетавте да го купите тоа куферче баш така. Не ме сфаќајте погрешно, не велам дека тоа куферче не чини, туку само дека ништо нема да направите само со него. Во суштина, ви треба уште и ова малечко куферченценценце како додаток на тоа претходното, и ќе бидете најголемиот скараџиски фраер на сите времиња! И тоа без конкуренција во земјава, а богами и во регионов.

Значи, во едната рака носете си го куферчето за скара, а во другата оваа фантастична колекција на ножеви, вилушки, лопатки, и некои други работи (вкупно 12 парчиња) што не знам како се викаат, ама сигурна сум дека се мноооогу корисни при правењето на скара. И не заборавајте ранецот (бидејќи само грбот ви останува слободен) да си го наполните со пивце!

П.С. Ова куферче со бројни, вредни и неопходни алатки за правење на скара можете да си го набавите овде!