Леле, морам да ви кажам дека почнаа луѓе да ме прашуваат зошто кога ги пишувам рецептите давам мерки – де ова требало да се исече на парчиња широки толку, а долги толку сантиметри, де она требало да биде дебело 2 мм и така натаму и така натаму. Ми велат, а бе дај доста се зафркаваш, да не помислат луѓе дека стварно сецкаш со метро во едната рака, а нож во другата!

И така јас, иако прилично срамежливо-се надевам ќе забележите, морам да признаам дека навистина мерам кога сечкам, ама не користам метро. Пробав и така, и тоа неколку пати, ама нешто не ми одеше. И во мојата потрага по совршениот начин за мерење при сечење, си го најдов ова чудо од даска. Така сега, секое парченце ми е исто широко и исто долго. И да не се чудите следниот пат кога ќе ви кажам дека тиквичката треба да се исече на парчиња дебели 2 мм!

Ахххх, има ли нешто поубаво, вака за око, од идеално исечкан морков, тиквичка или краставица???
Ако ви фати око и вас (не обрнувајте многу внимание на она што е испечатено на даската!!!), можете да си ја набавите тука!