Кога ќе истурите пијачка по биро на работно место можат да ви се случат неколку работи, и тоа секои од нив подеднакво незгодни. Со сигурност ќе се направите тоталeн лом, но она што е полошо, може да го полиете службениот лаптоп и да добиете отказ.

Затоа еве еден наш корисен, евтин и практичен додаток за сите оние вработени кои милуваат додека седат на биро да си пијуцкаат. Drinklip, чини само 6.99 долари, изгледа феноменално, а на располагање го имате во неколку фини бои.

Функционира како обична штипка со простор каде можете да ја вметнете омилената шолја со кафе или чашата со сок. Со тоа нема опасност да направите беља ,а воедно ќе добиете и повеќе простор на работната маса, што сигурно ви е повеќе од потребно.

drinklip