Иако сум експерт за кршење на јајца (обично ми паѓаат само две-три парчиња од лушпите), а да не спомнувам колку сум вешта во одвојувањето на жолчки од белки, сепак не можев да му одолеам на ова чудо. А бе супер работа, што друго да ви кажам. Нема парчиња од лушпи, нема шлаканици наоколу од јајцата, нема измачкани раце, и нема мешање жолчки со белки. Профи до немајкаде!

А да не спомнувам какви завидливи погледи ќе предизвикате кога ќе се пофалите дека ги кршите јајцата на високо-технолошки начин, односно со алатка. Аууу! Не, не, не ви зборувам повеќе, само ќе ви го дадам линков и ќе ви кажам дека 10 долари се практично ич пари за едно вакво помагало во кујната.

П.С. А сакате ли сите да си купиме вакви, па да организираме еден натпревар во брзо кршење јајца :)?