Повеќе не мора да ги замарате најблиските кога патуваат низ светот да ви носат магнети кои се лепат на фрижидер. Вашата амбиција да ја прекриете белината на ладилникот, сега можете да ја задоволите на многу едноставен начин. Еве го нашиот предлог!

Ултра модерни, магнетизирани панели на компанијата Kudu magnets која е специјализирана за онлајн продажба на овој тип на производи. Имате одличен избор на дизајни на располагање поделени во неколку категории- витниџ, реплики на познати уметнички дела, кујнски мотиви…

Цената варира во однос на димензиите, односно од 50 евра па нагоре. Постои опција да им испратите кастм дизајн кој ќе ви го изработат, но за него ќе мора да платите нешто повеќе.

Ако сте креативец, секогаш постои варијатна и самите да пробате да направите интересни стикери и да заштедите. Идејава во одлична и се надеваме дека ќе ја потикнеме вашата фантазија. Ако одлучите да го декорирате вашиот фрижидер и сте задоволни од резултaтот, слободно испратете ни фотки да ја споделиме вашата креативност со читателите на мигусто.