Домашен сладолед е една супер работа како и да го вртиш. Само што клинциве нешто слабо го почитуваат, и што е најтрагично не поради тоа што вкусот не им се допаѓа, туку затоа што не им изгледа како купечките сладоледи што ги гледаат по рекламиве, демек не е на стапче или во корнет.

Пих, им велам јас, ако е само тоа проблемот, има решение. Си купив од овие супер корнетчиња (модли за сладолед) и пробав. Што мислите, се побунија ли зошто сладоледот бил домашен? Ма јок, не им падна на памет ни да почнат да се бунат. Си ги грабнаа корнетчињата, си ги излапаа, па уште побараа и репете…. Ееее, да сум знаела порано!

Псссст, во доверба: модливе чинат 10 долари за четири парчиња, а можете да си ги нарачате овде, и никако не им дозволувајте на клинците да ги видат празни. Така цело време ќе мислат дека постојано им купувате сладолед и ќе бидат пресреќни….Со други зборови, ова спаѓа под дефиницијата “мали трикови на големите мајки :)“

И за крај, искрено ви препорачувам да си купите два сета, така сигурно ќе ви остане едно корнетче и лично за вас!

корнети