Морам да признаам дека добро оладено пивце, во комбинација со некои домашни солени кифличиња, крекерчиња, стапчиња, ми е најдобриот лек за смирување на живци. Особено при крајот на особено напорен ден, што во последно време излегува дека е секој ден. И да ви кажам, сум пробала триста чуда, ама ова дефинитивно најмногу ми помага.

Само да ви кажам, до скоро имав доста проблеми. кога и да пратам некого од домашните во кујна да ми донесе шише пиво, се нешто се бунат и викаат, а најмногу поради тоа што никогаш не можат да го најдат отворачот за шишиња (нема врска, не е дека ги мрзи да побараат де, туку онака). Е затоа, драги мои, си го нарачав овој отварач за шишиња во форма на магнет што се закачува на фрижидер. Па да видам сега дали пак ќе ми се бунат кога ќе речам “ај донеси ми едно пивце…..и отвори го дур си таму!“