Зошто свежото овошје и зеленчук имаат тенденција да изгледаат исушено и лошо по само неколку дена откако сте ги купиле? Во такви моменти посакувате да имате градина и да можете да наберете свежи плодови кога и да посакате. Оние кои ја имаат таа можност се навистина среќни, но што е со сите нас останатите?

Една многу важна работа што треба да ја знаете е дека начинот на кој ја чувате храната е круцијален за нејзината долготрајност. Пред сè, битно е да се напомене дека не постои едно единствено место погодно за чување на сите намирници. Секој тип на храна си бара своја посебна средина. Па така, корисно би било да знаете дека не е секое овошје или зеленчук дружељубиво со останатите.  На пример, доматите, јаболките, крушите, сливите и праските испуштаат етилен гас кој го забрзува процесот на зреење кај другите овошки. Бананите и краставиците се многу подложни на овој гас, па затоа треба да се чуваат по настрана од оние плодови кои испуштаат етилен. Единствено со регулирање на влажноста можете да гo спречите сушењето на плодовите. На ваков начин, тие ќе останат свежи и до три пати подолго, а и ќе се зачуваат нивните витамини. Конкретно за свежите плодови, особено е битно да обезбедиме идеална микроклима, односно температурата во фрижидерот да се одржува константно малку над 0˚C. Така тие нема да ја изгубат својата нутритивна вредност и што е поважно – нема да станат главен извор на бактерии и вируси.

Но, дали сте слушнале за јонизација? Тоа е процес кој го снабдува возхудот со кислород благодарение на негативно наелектризираните јони, коишто се негови природни освежувачи и прочистувачи. Токму тоа ѝ е потребно и на храната. И токму поради ова, експертите од Gorenje го создадоа првиот вистински паметен фрижидер кој овозможува совршена, стабилна микроклима за секој поединечен продукт. Користи напредна IonAir технологија која работи на принципот како природниот процес на јонизација. Нејзиниот производ е озонот, кој природно елиминира до 95% од штетните бактерии, мувлата и непријатните мириси, притоа обезбедувајќи најдобра заштита за храната и нејзината свежина.

Оваа технологија помага во создавање на константна, идеална средина внатре во фрижидерот, базирана врз потребите и навиките на корисникот. Рамномерната температура и константното ниво на влажност ја чуваат храната посвежа и поздрава многу подолго време.

Покрај ова, напредниот MultiFlow 360° регулаторен систем го балансира воздухот, влажноста и температурата и одржува рамномерна температура на секоја полица, така што не постои ризик од замрзнување или сушење на храната во фрижидерот. MultiFlow системот го распрснува возхудот преку големиот број отвори и го циркулира низ целиот апарат, додека IonAir технологијата ја полни средината со анјони – малите природни воздушни прочистувачи кои обезбедуваат свеж воздух, богат со кислород.

Исто така, комбинираните фрижидерите се обезбедени и со различни зони (фиоки) во кои се одржува различна температура, соодветна за секој тип на храна. Благодарение на овие карактеристики можете да верувате дека конечно ќе престанете да фрлате храна и дека ќе имате свежи и здрави намирници постојано. Ова е совршен начин да почнете да ја одржувате вашата храна, но и вашето тело во најдобра можна форма.

Новата генерација на фрижидери Горење

Јоните во природата – како влијаат на нашиот живот?

Ефектот на јонизација им е познат на луѓето од многу одамна. Тој најчесто се забележува при нагли промени на времето. На пример, ненадејно покачување на коцентрацијата на позитивно наелектризирани јони во воздухот пред надоаѓање на бура има негативен ефект на луѓето: често чувствуваме тежина, притисок. Од друга страна пак, по завршување на бурата се чувствуваме свежо и живо, а тоа е токму поради покачувањето на негативните јони во воздухот. Всушност, негативно наелектризирани јони – анјони, кои колку и да звучи чудно, врз нас имаат токму спротивен – позитивен ефект.

Во природата јоните постојано се појавуваат и се губат. Нивниот број се менува зависно од метеоролошката и космичката ситуација и во зависност од нивото на влажност и загаденост на воздухот. Негативните јони кои ги балансираат сите есенцијални биолошки процеси во човековиот организам се генерирани преку космичката и соларна радијација, преку радиоактивноста на Земјата, дождот, дисперзијата на водата и огнот.

Недостаток од анјони

Во поголемите градови континуирано се формираат циклони од загаден воздух, кои имаат огромен недостаток од негативни јони (анјони). Во затворените простории како канцеларии и модерни станови, има уште помал број на анјони, особено ако зградите се направени од армиран бетон. Недостатокот од негативни јони во воздухот исто така може да биде резултат и од  централното греење, климатизерите, мултимедијалните апарати (ТВ екрани, компјутери, звучници и сл.), од чадот од цигари, ниското ниво на влага во воздухот итн.

Овие неприродни услови кои се создаваат од недостатокот на негативни јони во воздухот влијаат на луѓето во форма на симптоми кои понекогаш ги нарекуваме и „цивилизациски“ потешкотии на денешницата. Некои од нив се губење на концентрација, депресија и песимизам, неврози и зголемена чувствителност, чувство за борење за воздух итн.