Мојата љубопитност ме натера да проверам што значи самиот збор кулич, за какви цели тој се приготвува и кој е неговиот симбол. Наидов на две спротивставени објаснувања.

Едното вели дека тоа е сладок леб кој се прави и принесува на трпезата за време на Велигденските празници, а го симболизира воскреснувањето на Исус Христос. Зборот кулич потекнува од грчкиот збор κουλλίκιον (kollikion) и значи овален или кружен леб.

Меѓутоа во црковните кругови се мисли дека печењето на куличот е стара паганска традиција на старите Словени. Се печел во специјална висока цилиндрична форма, потоа се сместувал во кафена подлога, се преливал со бел шеќер, се посипувал со пченка и се украсувал со фарбани јајца. Вака приготвениот и украсен кулич, наликува на машкиот репродуктивен орган со излеано семе одозгора. Сето тоа, заедно со фарбаните јајца со кои се украсувал куличот претставувал симбол на плодноста и почетокот на пролетта, односно будењето на природата.

Какво и да е значењето на куличот, тој е вкусен сладок ароматен леб, лесно се приготвува и се разбира може да се јаде во било кое време, а не само Велигден. Еве го рецептот.

Кулич

By Мама Лиле Published: May 14, 2013

    Мојата љубопитност ме натера да проверам што значи самиот збор кулич, за …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Во сад, со помош на миксер, изматете го омекнатиот путер заедно со шеќерот. Во смесата додадете ги јајцата, едно по едно и матете се додека не добиете фина смеса.
    2. 2.Настрана, брашното измешајте го заедно со прашокот за пециво и по желба, просејте го низ сито (за да нема грутчиња како од брашното и од печивото). Сувото овошје исечете го на мали парчиња и посипете ги со рум.
    3. 3.Во смесата со путер додадете го брашното и со дрвена лажица добро измешајте. Откако смесата е добро хомогенизирана, додадете го сувото овошје.
    4. 4.Калапот за печење обложете го со хартија за печење, смесата истурете ја и печете во загреана рерна на 190 степени околу 30 минути.
    5. 5.Испечениот кулич, оставете да се олади, намачкајте го со мармалад од кајсии кој доколку е густ може да се разреди со вода и со четка поминете преку целата горна површина. Одозгора посипете здробени ореви.