Оние кои обожаваат супа ќе бидат воодушевени од овој вкус. За останaтите кои никогаш не пробале супа до свекло сега е правиот момент да дознаат што пропуштале. Супер здрава ладна супа од цвекло.
Ладна супа од цвекло
By November 6, 2013
Published:Оние кои обожаваат супа ќе бидат воодушевени од овој вкус. За останaтите …
Ingredients
- 3 парчиња цвекло
- 1-2 средно големи краставици
- 4 јајца (варени)
- 3-4 перца млади кромидчиња
- 1 перце млад лук
- ½ китка копар (или магдонос)
- 2 лажици павлака
- 700-800 мл јогурт
- малку сол
- малку вода
Instructions
1.Цвеклото излупете го и варете го се додека не омекне. Доколку користите експрес лонец, цвеклото ќе се свари за околу 20-тина минути.
2.Изрендајте го свареното цвекло.
3.Јајцата сварете ги и нив изрендајте ги.
4.Додадете ситно сечкана краставица како и млад лук и кромид.
5.И копарот ситно исечкајте го и додадете го во смесата. Доколку не сте љубители на копар, заменете го со магдонос.
6.Ставете 2 лажици павлака и смесата добро измешајте ја.
7.Додадете јогурт, некоку лажици (или повеќе) ладна вода, промешајте.
8.Супата од цвекло сервирајте ладна, во длабока чинија. Добар апетит!
- Cuisine: Предјадење
- Course: Варење
- Skill Level: Едноставна