Како најлесно вашиот дом да го претворите во бар каде ќе можете да уживате во ладна чаша точено пиво? Многу едноставно. Се што ви треба е овој супер домашен уред изработен од познатиот бенд Кrups во соработка со Хајникен и забавата може да почне. Повикајте ги пријателите на скара и пиво или уживајте во добар натревар или филм со грицки и ладно освежување.

Точилкава на пиво освен што изгледа супер модерно има одлични перформанси. Ставете буренце од пет литра и наточете. Пивото постојано ќе биде ладно. Што се однесува до цената, мора да признаеме и дека не е така скапо. Само 133 долари, што е ништо во однос на задоволството кое го нуди.

Ова се оденесува особено на пиво пијаците бидејќи знаат што е прав мерак. Ако имате некој таков пријател или во друштво, тогаш ова е нашиот предлог подарок за роденден. На здравје