Веќе не мора да му ја мислите како да направите плус место во фрижидерот и што да тргнете за да можете да мушнете уште едно-две шишиња винце да се оладат! Со новиот виноајс не морате да се мачите воопшто. Значи, мала и згодна алатка која е направена специјално за ладење на вино, без да морате да го чувате во фрижидер.

Во што е трикот? Оваа справичка е во форма на шупливо цевче наполнето со специјален гел кое се остава во ладилникот околу 30 минути пред служење на виното. Кога ќе се олади гелот убаво, целото цевче влегува внатре во шишето и го лади (одвнатре), а плус има и згодно капаче на врвот што ви овозможува лесно да го истурите виното во чаша. Згодно, нема што, особено ако се земе во предвид дека не мора да станувате за да го вратите шишето во фрижидер, па после пак да станувате да го земете и така натаму!