Најдобар лахмаџун во Скопје може да пробате во култната „Галерија 7“ во чаршија. Ако не во носи пат натаму можете да го направите овој познат турски специјалитет и во домашни услови. Наш предлог е дегустација со чаша ајран за да впечатокот биде целосен.
Лахмаџун
By November 8, 2012
Published:- Prep: 15 mins
- Cook: 20 mins
- Ready In: 35 mins
Најдобар лахмаџун во Скопје може да пробате во култната „Галерија 7“ во …
Ingredients
- 540 г брашно
- 375 мл вода (топла)
- 1 лажичка сув квасец
- ½ лажичка шеќер
- 350 г мелено јагнешко (или говедско)
- 40 г путер
- 2 чешниња лук
- 1 кромид
- 1 домат
- 1 лажица црвен пипер
- 1 лимон
- свежо нане
- зачини по вкус (сол, црн пипер)
Instructions
1.Во поголем сад измешајте го брашното со водата, додате шеќер, сол и сув квасец. Замесете тесто, и оставете го да стаса. Нека одмори околу час и половина.
2.Потоа направте мали топчиња и расукајте го тестото во форма на неправилен круг. Во меѓувареме почнете да го подготвувате топингот. Исечкајте ги доматите, нането.
3.Лукчето и кромидот исчекајте ги ставете ги во блендер и испасирајте ги. Растопете путер и кратко пропржете гго лукчето и кромидот.
4.Во сад ставете го јагнешкото, пропрженото лукче и кромид, исечканото нане и домат. Со рака измешајте додека не добиете фина еднолична смеса. Зачинете по желба.
5.Згрејте ја рерната. Расуканото тесто ставете го во плех обложен со фолија. Одозгора рамномерно распоредете од подготвената смеса. Слојот треба да биде тенок. Можете слободно да притиснете со раце за подобро да се прилепи за тестото.
6.Печете во добро загреана рерна додека краевите не добијат златна боја и не станат крцкави. Не повеќе од 15 минути. Дегустирајте топло со чаша ајран - мешавина на јогурт и вода.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Средна