А што велите за оваа идеичка лампионите да се искористат како вазнички? Едноставно за правење, а изгледа фантастично на новогодишната трпеза и плус на било кое друго место во домот.

Значи, изберете си лампиончиња (не многу мали секако) и извадете го металниот дел кој служи за закачување. Залепете го дното на лампионот за нешто за да стои исправен. Можете како подножје да искористите парче огледало, некоја интересна плочка, шарено чинивче, дното од некоја чаша (превртена или не), само внимавајте каков лампион (стаклен, пластичен) и каков лепак ќе користите. Откако ќе го залепите, наполнете го лампионот со вода (не ставајте премногу) и со свежи цвеќиња. Не ви требаат многу цветови и зеленило, бидејќи дупчето на лампионот е мало, а ќе добиете прекрасен украс.

Дополнително, можете обична вазна или чинија за овошје, или пак некој друг декоративен стаклен сад да го наполните со лампиони. За постигнување на уште поголем ефект, меѓу лампионите во вазната или садот поставете новогодишни светилки за елка. Фантастично!

лампиони во вазна или во друг декоративен сад

лампиони во вазна или во друг декоративен сад