Зарем постои нешто поубаво од чоколадо кое се топи во уста.  Уживање за сите сетила. Едноставен за подготовка совршен на вкус. Десерт со кој мора да се пофалите пред вашите пријатели.

Лава колач

By Тетка Биберче Published: May 23, 2013

  • Prep: 15 mins
  • Cook: 10 mins
  • Ready In: 25 mins

Зарем постои нешто поубаво од чоколадо кое се топи во уста.  Уживање за …

Ingredients

Instructions

  1. Чоколадо и путер1.Во стаклен сад ставете го искршеното чоколадо и путерот. Ставете ги во микробранова печка, околу 2 минути за се да се растопи. Извадете ја смесата од микро и измашајте ја со маталка.
  2. Додавање на шеќер и брашно во смесата2.Во смесата додадете го шеќерот па потоа и брашното. Повторно со маталка добро промешајте.
  3. Додавање на јајце во смесата3.Накрај, додадете ги јајцата и добро промешајте се додека не добиете фина и хомогена смеса.
  4. Полнење на модлите со смесата4.Смесата истурете ја во модли за печење (кои не треба да се подмачкуваат ако се тефлонски, ако не добро намачкајте ги со путер).
  5. Наполнети модли со смесата5.Печете во добро загреана рерна (наредени на жицата, не на тавче) на температура од 200 степени, околу 7 до 8 минути
  6. Лава колач6.Испечени, сервирајте ги на чинија за служење, посипете ги со шеќер во прав или со течно чоколадо, а по желба и украсете со 1-2 ливчиња од свежо нане или цитронела.
  7. Лава колач7.Совет: за да бидете сигурни, испечете една модла за да го дознаете точното време за печење. Доколку е премногу течно, додадете уште некоја секунда и обратно.